вовед | НОВА МАКЕДОНИЈА online* | контакт | најди!блог | rss

Вовед

Блог-сцена е рубрика која ќе излегува секој петок на страниците на весникот „Нова Македонија“.

Начелно, таа се состои од 3 дела:
  • историјат/занимливости за блогот како феномен;
  • преземени/цитирани/дигестирани постови од македонските блогови;
  • препорачана блог-прошетка (не мора да значи дека нужно ќе бидат препорачувани македонски блогови).

Уредник на рубриката е ликот вам познат како Shepard.

Предлози може да даде секој - како и за постови кои сметате дека би биле соодветни за објавување во весникот, така и за блогови кои би требало да ги препорачаме.

Поради тоа што сајтот на „Нова Македонија“ е нефункционален, за сега, овој блог е официјално средство за комуникација на „Блог-сцена“ со актерите..

Така, на блогчево, секој четврток (или петок претпладне) ќе бидат објавувани линкови до преземените постови и препорачаните блогови, како и некои информации околу целиот проект (доколку има потреба за тоа).

Напомена: преземањето постови ќе се врши со дозвола на авторот само доколку нема истакнато лиценца или експлицитно изразен став околу содржините на неговиот блог.